ПЕРИОДОВ СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ УРЕДУВААТ „БУБА МАРА“ И „СРНИЧКА“

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска беше во посета на детските градинки „Буба Мара“ и „Срничка“ каде што летниот период се користи за нивно уредување и овие денови во објектите се работи со полна пареа.

По цели 30 години, за првпат се спроведува поголема реконструкција на главниот објект на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Покрај молерисување и други тековни активности, во дел од просториите се изврши целосна санација на ѕидовите, се замени подот, а се поставува и нов современ мебел за безбеден престој на најмалите.

Исто така, активности за тековно уредување се спроведуваат и во градинката „Срничка“. Покрај тоа, во објектот „Чекорче“ во населбата Јане Сандански неодамна е отворен ресурсен центар со современа сензорна соба.

Овој мултисензорен простор е наменет за индивидуален пристап и стимулација, овозможувајќи поддршка за децата со различни развојни потреби. Опремен е со дидактички и рехабилитациски материјали што го поттикнуваат моторниот и сензорниот развој, ја подобруваат координацијата, вниманието и сликата за себе.

Во објектот „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, пак, поради големата потреба за згрижување деца од јаслена возраст, во фаза е подготовката на уште една воспитна група за деца од 18 до 24 месеци. Ходниците, мебелот и просторијата се адаптираат на потребите на децата од најраната возраст за да им се овозможи лесна адаптација и пријатен престој.

Општина Аеродром останува посветена на подобрување на условите во кои се згрижуваат нашите најмали.

 

31.7.2025 година

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео