На 30.7.2025 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 59. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда за најдобар наставник/стручен соработник од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2024/2025 година
2. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта на територијата на Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за прифаќање Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пристапен пат до КП 2756 КО Горно Лисиче вон град, Општина Аеродром – Скопје
4. Предлог-одлука за прифаќање Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2, Г2.3 и Г2.7 - Индустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси – фабрички комплекси, на дел КП 1200/2 и дел од КП 1200/1, КО Долно Лисиче - вон град, Општина Аеродром – Скопје
5. Предлог-одлука за исплата на парични средства по основ на достасана завршна фактура за наплата на настанати обврски меѓу Синдикална организација на ОА и ССКО на РМ – Скопје
6. Предлог-одлука за давање спонзорство на Хуманитарната организација „Свети Спас“ Скопје
24.7.2025 година
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.