На 30.06.2025 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 57. Седница на Советот на Општината. На днвен ред на седницата се следниве точки:
1. Заклучок за давање согласност на Одлука за изменa и дополнување на Програмата за одржување на чистотата и зеленилото на јавните површинина територијата на Општина Аеродром за 2025 година.
2.Предлог-одлука за доделување еднократен паричен надоместок на семејствата со прваче во учебната 2025/2026 година на подрачјето на Општина Аеродром.
3. Предлог-одлука за давање согласност на Правилник за изменување на Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈДГОА „Срничка“ – Општина Аеродром, Скопје.
4. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/11, КО Кисела Вода 2).
5. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/1, КО Кисела Вода 2).
6. Предлог-одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3)“
7. Предлог-одлука за давање на привремено користење на дел од недвижна ствар на Карате клубот „ОЛИМПИК“ – Скопје.
8. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основноучилиште на територијата на Општина Аеродром.
9. Советнички прашања.
23.6.2025 година
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.