В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со стручни екипи од Општината денеска изврши увид во реконструкцијата на улиците „Димитар Македонски“ и „Лавчанска корија“, а наскоро ќе почне обновување и на улиците „Ернест Телман“ и крак од „Арх. Сотир Томовски“ во населбата Лисиче.
Вкупната должина на улиците изнесува 1.200 метри, односно 7.250 м2 асфалт и нови тротоари во површина од 3.250 м2.
Вредноста на проектот, кој е поддржан од Владата, изнесува 39 милиони денари.
Со оваа инвестиција значително ќе се подобри инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Лисиче.
Продолжуваме со одговорна и темелна работа за поквалитетни услови за живот во секој дел од општината!
10.6.2025
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.