В СРЕДА 56. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 28.5.2025 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и шестата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за 2024 година
2. Предлог-заклучок за усвојување Годишна сметка за работата на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за 2024 година
3. Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (јануари, февруари и март 2025 година) за финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
4. Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за првиот квартал од 2025 година
5. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за 2026 година
6. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Блаже Конески“ за 2026 година
7. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“ за 2026 година
8. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Димитар Македонски“ за 2026 година
9. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Лазо Ангеловски“ за 2026 година
10. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Браќа Миладиновци“ за 2026 година
11. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Александар Македонски“ за 2026 година
12. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Љубен Лапе“ за 2026 година
13. Предлог-одлука за именување член на Училишниот одбор на ООУ „Александар Македонски“
14. Предлог-одлука за именување член на Училишниот одбор на ООУ „Димитар Македонски“
15. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за новопланирана СН 10 (20) KV кабелски подземен вод од кабелска спојница до новопланирана трафостаница ТС 10 (20) KV/0.4 KV на дел од КП 2626/1 во КО Горно Лисиче, Општина Аеродром
16. Предлог-одлука за изменување Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 846 КО Долно Лисиче)
17. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 и објект бр. 2 на КП 1269 КО Кисела Вода 2)
18. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 4 на КП 2936/3 и КП 2936/1, КО Кисела Вода 2)
19. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 на КП 3901/6 КО Кисела Вода 2)
20. Предлог-одлука за давање спонзорство на Здружението за традиционално организирање Илинденски марш 1978 година – Скопје за 2025 година
21. Предлог-одлука за давање спонзорство на Културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ - Скопје за 2025 година
22. Предлог-одлука за давање спонзорство на Националната установа Театар Комедија - Скопје за реализација на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“
23. Предлог-одлука за давање спонзорство на Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ Скопје
24. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на „СЕНСОР“ ДОО - Скопје на систем за рано предупредување на пешаци COPS@zebra на еден пешачки премин
25. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на ПМГ КОНСТРУКТИОН ДООЕЛ СКОПЈЕ
26. Предлог-одлука за измена на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром
27. Предлог-одлука за одобрение за користење на името „Аеродром“ во називот на Здружението на граѓани Ротари клуб Аеродром
28. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на годишниот план за вработување на Општина Аеродром за 2025 година
29. Советнички прашања
22.5.2025
Општина Аеродром