В ЧЕТВРТОК 55. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 10.4.2025 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и петтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за верификација на мандатот на член на Совет на Општина Аеродром

2.    Предлог-одлука за техничка корекција на завршна сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2024 година

3.    Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром-

4.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за работата на ЈП “Лајка“ во Општина Аеродром јануари - декември 2024 година

5.    Предлог-програма за измена на програма (Ј) - комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година

6.    Предлог-одлука за давање спонзорство на Општински сојуз на училишен спорт Аеродром Скопје за 2025 година

7.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација  (објект бр.1 на КП 3740/7 КО Кисела Вода 2)

8.    Предлог-одлука за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација  (објект бр. 8 и објект бр. 9 на КП 1312 КО Кисела Вода 2)

9.    Предлог-одлука за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 и објект бр. 2 на КП 1521 КО Кисела Вода 2)

10.  Предлог-програма за изменување и дополнување на Потпрограма Ф1– урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година

11.  Предлог-одлука за утврдување на Нацрт-измена и дополнување на ДУП за градска четврт И17, блок И17.03, Општина Аеродром, Скопје - Плански период 2024-2029

12.  Предлог-одлука за давање согласност на Иницијатива за донација на садници

13.  Предлог-одлука за формирање Комисија за процена на штета  настаната од природни непогоди и други несреќи  

14.  Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари на ЈДГОА „Срничка“ објект „Чекорче“

15.  Предлог-одлука за разрешување на член на Управен Одбор на ЈДГОА „Срничка“ - претставник на Министерство за социјална политика, демографија и млади

16.  Предлог-одлука за именување на член на Управен одбор на ЈДГОА „Срничка“ - претставник на Министерство за социјална политика, демографија и млади

17.  Предлог-одлука за разрешување на член на Управен одбор на ЈДГОА „Буба Мара” - претставник на Министерство за социјална политика, демографија и млади

18.  Предлог-одлука за именување на член на Управен одбор на ЈДГОА „Буба Мара“ - претставник на Министерство за социјална политика, демографија и млади

19.  Советнички прашања

 

4.4.2025

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео