Општина Аеродром ги ослободува од плакање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:
- Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на едно дете;
- Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
- Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
- Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
- Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;
Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси.
11.3.2025 година
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.