ОПШТИНА АЕРОДРОМ СО ГЛОБА ОД 6 000 ЕВРА ЗА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ

 

Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.

При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава. Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вреднисти.

Општина Аеродром апелира до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и ние како институција да не бидеме доведени до други вакви и слични ситуации во кои мораме да изрекуваме прекршочни санкции.

Инспекторите на Општина Аеродром се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба. Истовремено, ги повикуваме аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби.

 

10.3.2025 година

Општина Аеродром

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео