ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГИ ЗАЈАКНУВА КАПАЦИТЕТИТЕ И ТРАНСПАРЕНТНОСТА

 Општина Аеродром постигна значајни резултати во соработка со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На денешниот состанок на кој присуствуваше и в.д градоначалникот, Дејан Митески, беа презентирани главните постигнувања од 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка:

 -       Зголемен индекс за даночна транспарентност за 20232024 кој изнесува 67%, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 58%

 

-       Општина Аеродром ја задржа максималната оценка за буџетска транспарентност од 16 индексни поени (од можни 16) и во 2023/2024 и во 2022/2023 година

 

-       Споделени материјали со цел подобра информираност за  надлежностите на општината, во рамки на кампањата „Општина на дланка“                                                                                                                                                            

 

-       Подобрена активна транспарентност која во 2024 година  изнесува 75.4%2, во однос на 2023 кога изнесувала 69%  (од можни 100%)

 

-       Изработен Извештај за самооценување на успешноста во  управувањето со јавните финансии за 2023, со препораки за  подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста

 

-       Објавени Индикатори за јавни набавки за 2023 година на веб-страницата  на Општината

 

-       Подготвен и објавен Граѓански буџет за 2024 на веб-страницата  на општината

 

-       Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за 8%

 

-       Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци, 

 

-       Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања „Мој данок за мојата општина“ споделена на веб-страницата на општината

 

-       Подготвена анализа на организациските капацитети за администрирање на локални даноци и такси во Градот Скопје и општините во Градот Скопје со препораки за поефикасна институционална соработка и поефективно планирање и наплата на локалните приходи

 

-       Зајакната комуникација помеѓу Градот Скопје и општините во Градот Скопје преку поддршка на активности за унапредување на администрирањето на локалните даноци и такси и зголемување на даночна транспарентност

 

-       Подготвена и објавена Процедура за внатрешна комуникација на Општината, објавена на веб-страницата

 

-       Подготвен и објавен План за локален економски развој

 

-       Изработен и споделен модел за изработка на бизнис информатор

 

-       Информирање  за отворени повици за проекти.

 

Овие резултати претставуваат значаен чекор за Општина Аеродром кон поголема транспарентност и ефикасно управување со локалните финансии.

 

23.1.2025 година

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео