В ПОНЕДЕЛНИК 52. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 27.1.2025 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и втората седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Решение за престанок на мандатот на член на Советот на Општина Аеродром
2. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за давање на трајно користење на движни ствари (мрежна опрема) помеѓу Министерство за образование и наука, Општина Аеродром и ООУ „Лазо Ангеловски“
3. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за давање на трајно користење на движни ствари (мрежна опрема) помеѓу Министерство за образование и наука, Општина Аеродром и ООУ „Гоце Делчев“
4. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за давање на трајно користење на движни ствари (мрежна опрема) помеѓу Министерство за образование и наука, Општина Аеродром и ООУ „Љубен Лапе“
5. Предлог-одлука за именување претставник за член во Управен одбор на ЈУДГ Буба Мара - Општина Аеродром
6. Предлог-одлука за именување член на Училишниот одбор на ООУ „Браќа Миладиновци“
7. Предлог-одлука за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Блаже Конески
8. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром во 2025 година
9. Предлог-програма за дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2025 година
10. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Аеродром за периодот јануари - декември 2025 година
11. Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2025 година
12. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
13. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на годишен план за вработување на Општина Аеродром за 2025 година.
14. Предлог-одлука за измена и дополна на Одлуката за извршување на буџетот на Општина Аеродром за 2025 година
15. Предлог-одлука за давање спонзорство на Друштвото за спортски дејности - Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје - Аеродром АД Скопје за 2025 година
16. Предлог-годишна програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
17. Предлог-одлука за склучување анекс на договор за послуга за давање на времено користење на дел од недвижна ствар
18. Советнички прашања
21.1.2025
Општина Аеродром