В СРЕДА 51. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 26.12.2024 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и првата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-план за измена на Планот на програмите за развој за период 2025 – 2027 година
2. Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2025 година
3. Предлог-одлука за извршување на буџетот на Општина Аеродром за 2025 година
4. Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на Општината за 2025 година
5. Предлог-одлука за утврдување денарски благајнички максимум за 2025 година
6. Предлог-одлука за утврдување девизен благајнички максимум за 2025 година
7. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индрустрија на КП 1200/2 и КП 1200/1, КО Долно Лисиче – вон град, Општина Аеродром
8. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година
9. Предлог-одлука за давање согласност на Договор за закуп на деловен простор
10. Предлог-одлука за Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром – Скопје
11. Предлог-одлука за Инвестициска програма на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром
12. Предлог-програма за одржување на јавната чистота и зеленилото на јавните површини на територијата на Општина Аеродром за 2025 година
13. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата и надоместоци на вработените во ЈП на Општина Аеродром за 2025 година
14. Предлог–одлука за утврдување на цените на дополнителните услуги што ги врши ЈП на Општина Аеродром Скопје
15. Предлог-програма за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2025 година
16. Предлог-програма за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2025 година
17. Предог-програма за планирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2025 година
18. Предлог-програма на Општина Аеродром во областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2025 година
19. Предлог-програма за планирани активности од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра во Општина Аеродром за 2025 година
20. Предлог-програма за планирани активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2025 година
21. Предлог-програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2025 година
22. Предлог-програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2025 година
23. Предлог-годишен план – Програма за работа на Одделението за инспекциски работи на Општина Аеродром за период од 01.01.2025 година до 31.12.2025 година
24. Предог-програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
25. Предлог-програма Ф – урбанистичко планирање и уредување на просторот на Општина Аеродром за 2025 година
26. Предлог-програма (Р) – заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2025
27. Предлог-програма (Ј) – комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
28. Предлог-програма за одржување на локални улици и патишта на територијата на Општина Аеродром во зимски услови за периодот на 2025 година
29. Предлог-одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2025 година
30. Предлог-програма (Г) за поддршка на локалниот економски развој за 2025 година
31. Предлог-одлука за распределба на блок дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром за 2025 година
32. Предлог-одлука за распределба на блок дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром за 2025 година
33. Предлог-одлука за привремено користење на ултразвучен апарат за бесплатни прегледи на тироидна жлезда наменети за учениците од деветтите одделенија од основните училишта во Општина Аеродром
34. Предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за донација
20.12.2024
Општина Аеродром