Детската градинка „Буба Мара“ со инклузивна претстава го одбележа 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Дечиња од објектот „Сонце“ со интересни настапи и со дефиле на рачно изработени маски во боите на есента, учествуваа во настанот чија цел е да ја подигне свеста за значењето на инклузивноста.
Секој поединец е посебен на свој начин и секој заслужува еднакви можности за остварување на своите права, а меѓусебната поддршка е суштинска во создавањето еднакво општество за сите.
5.12.2024 година
Општина Аеродром
11-03-25
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.