В ЧЕТВРТОК 49. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 28.11.2024 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и деветтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2024 година

2.    Предлог-план за измена на Планот на програмите за развој за период 2024-2026 година

3.    Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за третиот квартал од 2024 година

4.    Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (јули, август и септември 2024 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром

5.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2024 година

6.    Предлог-одлука за давање позитивно мислење на Статутарна одлука за дополнување на Статутот на ООУ „Александар Македонски“ Општина Аеродром – Скопје

7.    Предлог-одлука за давање согласност за примање на донација од страна на Сивил Инженеринг ДОО Скопје за изготвување на Урбанистички проект за реконструкција на локален патен правец Горно Лисиче - Долно Лисиче во реонот на мостот на Маркова Река Општина Аеродром

8.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/11 КО Кисела Вода 2)

9.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1029 КО Кисела Вода 2)

10. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.2 на КП 2942  КО Кисела Вода 2)

11. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 3821/7 КО Кисела Вода 2)

12. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општина Аеродром

13. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на Годишен план за вработување на Општина Аеродром за 2024 година

14. Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Аеродром Скопје

15. Предлог-заклучок за усвојување на Извештај за извршување на Одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 01.04.2024 година до 31.07.2024 година

16. Предлог-одлука за давање согласност за отстранување на недвижнa ствар – објект, сопственост на Општина Аеродром, заради создавање на услови за изведба на објекти од јавен интерес предвидени во ДУП за Градска четврт И11

17. Предлог-одлука за давање на спонзорство на Фудбалски клуб „Победа 2012“ Скопје преку отстапување на спортски објект – фудбалски терен на КП 97/10 КО Долно Лисиче

18. Предлог-иницијатива Советот на Општина Аеродром да донесе Одлука за реализација на платена практична работа во општинската администрација за студенти со живеалиште во општината и издвојување на средства од Буџетот на Општина Аеродром за 2024 година за оваа намена

19. Советнички прашања

 

22.11.2024

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео