ООУ „Блаже Конески“ започна кампања за превенција против меѓуврсничко насилство под мотото „Избери другарство, отфрли насилство“.
Денеска, 19 ноември, на Светскиот ден за превенција од насилство врз децата, беше прикажан едукативен спот изработен од училиштето, а во кој учествуваат ученици и претставници на воспитно-наставниот кадар.
ООУ „Блаже Конески“ преку оваа кампања ја испраќа пораката дека е многу важно да се негува културата за превенција, при што сите заедно ќе ги заштитиме децата од секаков вид насилство.
В. д. градоначалникит на Општина Аеродром, Дејан Митески, посочи дека мора да создаваме средини во кои нашите деца ќе бидат заштитени, безбедни, здрави и среќни. Тој истакна дека децата се под наша закрила, а наш најголем успех е да им обезбедиме безгрижно детство.
Токму затоа, Општина Аеродром продолжува со безрезервна поддршка на вакви и слични проекти што ќе им влеат сигурност на нашите најмлади и ќе ги охрабрат да го кренат својот глас против насилството.
19.11.2024 година
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.