По повод Светскиот ден на урбаните животни средини, денеска во ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа екоакција во соработка со учениците и вработените од ООУ „Блаже Конески“.
Учениците од двете училишта заедно засадија дрво „Братско стебло", кое ќе претставува симбол на заедничко дружење, почитување, соработка и сплотеност.
Учениците го разубавија дворот на училиштето со најразлични цвеќиња, мали дрвца, го исчистија и го уредија училишниот двор, со што покажаа како треба да се изгледа една здрава и чиста животна средина.
8.11.2024 година
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.