Почитувани жители,
Ве информираме дека дел од улицата „Тодор Чангов“ во текот на ноќта ќе остане без улично осветлување поради оштетувања на напојувањето предизвикани во сообраќајна несреќа.
Екипите работат на отстранување на дефектот и очекуваме во текот на утрешниот ден осветлувањето да биде ставено повторно во функција.
Се надеваме на ваше разбирање.
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.