Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на повеќе настани на кои ќе можат да уживаат сите генерации.
В сабота, 2 ноември, со почеток од 11 часот во паркот „Авионче“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Вкуси ја традицијата“. Љубителите на добрата храна ќе можат на голем број штандови да дегустираат автентични македонски специјалитети од сите региони и да се запознаат со производителите на храна.
Истиот ден, во 12 часот, во Реонски центар, ФК „Аеродром“ ќе го промовира новиот фудбалски стадион, при што аеродромци ќе имаат можност да уживаат во добра музика, да проследат интересен натпревар меѓу млади фудбалери со познати личности, како и да се фотографираат со нив.
В недела, 3 ноември, Општина Аеродром во рамките на проектот „CleanAirDrom“ во соработка со „Еуро-екопак“ организира едукативно-забавен настан под мотото „Селектирај, рециклирај, подобри“ што ќе се одржи во паркот „Авионче“ со почеток од 12 часот.
Свој настап ќе имаат детскиот хор „Поточиња“, „Аква денс клуб“ и популарниот бенд ДНК, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Посетителите имаат можност да донесат отпадно стакло, како тегли и шишиња, што ќе се преземат за рециклирање, а за тоа како подарок ќе добијат торби за рециклирање.
Ве покануваме заедно да уживаме во наредните два дена, да се забавуваме и да се дружиме во нашиот убав Аеродром!
1.11.2024 година
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.