Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и придонес кон проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
На оваа музичко-едукативна журка настапи популарниот бенд ДНК, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Тие ги споделија своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива и заедно со в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им порачаа на учениците дека сите треба заеднички да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење.
Митески објасни дека преку вакви настани учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, со кој се стремиме да ја подигнеме свеста за одговорност кон животната средина.
Панчо од ДНК, пак, ги повика учениците да рециклираат пластични шишиња во специјалната машина поставена во училишниот двор и на тој начин индиректно да учествуваат во самофинансирањето на училиштето.
Општина Аеродром
25.10.2024
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.