Положено цвеќе пред бистата на бранителот Игор Драганов
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјето на загинатиот бранител Игор Драганов, кој пред 17 години го загуби животот, бранејќи ја татковината.
Одбележувањето на годишнината од смртта на Игор Драганов се одржа во Долно Лисиче во паркот, во кој минатата година Општина Аеродром постави биста со неговиот лик. Покрај Тошковски и Митески, цвеќе положија и претседателот на Советот, Антонио Петковски, дел од советниците, претставници на Здружението на загинати бранители, како и членови на семејството на Игор Драганов.
Настанот го збогатија и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ кои со својот рецитал му оддадоа должна почит и потсетија на храброста и на херојскиот чин, со кој Игор стана дел од бранителите на државата и доби место меѓу најсилните, најхрабрите и најпочитуваните.
Општина Аеродром
24.10.2024
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.