В ЧЕТВРТОК 48. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 24.10.2024 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и осмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром за 2024 година
2. Предлог-план на програми за развој за период 2025 – 2027 година
3. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
4. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2024 година
5. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2024 година
6. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2024 година
7. Предлог-програма за измена на Програмата за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2024 година
8. Предлог-одлука за изменување на Одлука за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за градска четврт СИ12, блок 12.02, Општина Гази Баба, Општина Аеродром – Скопје, плански период (2021 – 2026) површина на опфатот (24,65 ха)
9. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 на КП 3782 КО Кисела Вода 2)
10. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 на КП 3638 КО Кисела Вода 2)
11. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 на КП 967/8 КО Кисела Вода 2)
12. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 2942 КО Кисела Вода 2)
13. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 790/9 КО Кисела Вода 2)
14. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 3976/2 КО Кисела Вода 2
15. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 3798 КО Кисела Вода 2)
16. Предлог-одлука за давање на времено користење на дел од недвижна ствар
17. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Велковски заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
18. Предлог-заклучок за усвојување на Извештај за извршување на Одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 01.08.2023 година до 30.11.2023 година
19. Предлог-заклучок за усвојување на Извештај за извршување на Одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 01.12.2023 година до 31.03.2024 година
20. Советнички прашања
18.10.2024
Општина Аеродром