Пет занимални во објектот „Лале, којшто е дел од детската градинка „Срничка“, се целосно опремени со нов мебел и нови еколошки креветчиња.
Дечињата добија нови столчиња, масички, како и убаво дизајнирани плакари приспособени кон нивната возраст, а за безбеден и здрав сон за секое дете, се обезбедени современи еколошки креветчиња што лесно се одржуваат.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во оваа градинка и имаше можност да се подружи со дечињата кои го пречекаа со позитивна енергија и многу насмевки.
Инвестицијата во опремувањето на занималните овозможува децата да се развиваат во стимулативна и безбедна средина, што е од витално значење за нивниот социјален, емоционален и интелектуален развој.
Објектот „Лале“ неодамна по цели 40 години, доби комплетно реновирани јаслени занимални каде што се поставени антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата, а старата и дотраена надворешност беше заменета со нова енергетско-ефикасна фасада.
Општина Аеродром продолжува со голема посветеност да се грижи за најмладите и да создава уште подобри услови за згрижување на дечињата кои се нашата иднина.
01.10.2024
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.