В ПЕТОК 47. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 27.9.2024 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и седмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување на Извештај за работа на ПСОН „Аеродром“ за првите шест месеци од 2024 година
2. Предлог-одлука за измена на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром
3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Годишен план за вработување на ЈП за комунални дејности за 2025 година
4. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Аеродром за 2025 година
5. Предлог-одлука за измена на Одлуката за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на типска училишна спортска сала за ПООУ „Гоце Делчев“ с. Долно Лисиче, Општина Аеродром
6. Предлог-одлука за измена на Одлуката за доделување еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од основните училишта на територија на Општина Аеродром за учебната 2023/2024 година
7. Предлог-одлука за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.2 и објект бр.4 на КП 2932/7 КО Кисела Вода 2)
8. Предлог-одлука за измена на Одлуката за давање спонзорство на Општински сојуз на училиштен спорт Аеродром Скопје за 2024 година
9. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ на Општина Аеродром за 2023/2024 година
10. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2023/2024 година
11. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ на Општина Аеродром за 2024/2025 година
12. Прелог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2024/2025 година
13. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУГД „Буба Мара“ за 2025 година
14. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈДГОА „Срничка“ за 2025 година
15. Предлог-одлука за давање согласност за запишување на поголем број на деца во воспитните групи на ЈУДГ „Буба Мара“
16. Предлог-одлука за давање согласност за запишување на поголем број на деца во воспитните групи на ЈДГОА „Срничка
17. Советнички прашања
23.9.2024
Општина Аеродром