Над 7.500 ученици од сите основни училишта и оваа година добиваат бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром. Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека.
Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци.
Општина Аеродром за набавка на овие униформи издвои речиси 19 милиони денари. Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата.
19.09.2024 година
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.