Заврши 11. издание на „Гола месечина“

 

Единаесеттото издание на меѓународнот фестивал на комедијата „Гола месечина“ заврши викендов, а во текот на неколкуте фестивалски вечери граѓаните се забавуваа и уживаа во стендап-настапите на голем број актери и комичари.

Ова издание на фестивалот беше посветено на великанот на македонското глумиште, Мето Јовановски, кој беше жител на Аеродром.

Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ѝ се заблагодаруваат на многубројната публика која секоја вечер од почеток до крај ги следеше оригиналните настапи со неверојатно позитивна енергија.

 

16.09.2024 година

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео