ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали, училница, хол и друг административно деловен простор во ООУ „Лазо Ангеловски“ и Спортски центар „Марко Божиновски“
ОГЛАС
за издавање под закуп на фискултурни сали, училница, хол и друг административно деловен простор во ООУ „Лазо Ангеловски“ и Спортски центар „Марко Божиновски“ - Скопје
1.ЗАКУПОДАВЕЦ
ООУ Лазо Ангеловски со седиште на бул. „АСНОМ“ бр.192- Скопје,тел./факс 2430 324
2.ПОНУДУВАЧ
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано правно или физичко лице кое е регистрирано завршење на дејност согласно со предметот на закуп или припаѓа на соодветно професионално здружение или сојуз и кое нема неплатен долг кон училиштето.
3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1 Фискултурна сала во ООУ „Лазо Ангеловски“
3.2 Ходници и хол во ООУ „Лазо Ангеловски“
3.3 Училница во ООУ „Лазо Ангеловски“
3.4 Деловен простор на влез-приземје 14м2 во ОООУ „Лазо Ангеловски“
3.5 Фискултурна сала во Спортски центар „Марко Божиновски“
Закуподавецот ги издава просториите во горенаведените точки по пат на прибирање на писмени понуди.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.
Учесници на јавниот оглас за закуп на фискултурната и спортската сала, можат да бидат сите спортски клубови и правни лица кои се занимаваат со следниве спортови: одбојка, ракомет, мал фудбал, гимнастика и сите боречки вештини, како и здруженија кои се занимаваат со следниве активности: јога, пилатес, аеробик, зумба, модерен танц, балет и танци и ора.
Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна понудувачот секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски“-Скопје (во архива-кај секретарот на училиштето). Понудата која нема да биде доставена на документацијата потпишана и заверена од страна на понудувачот, како и понуда која нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Отварањето и читањето на понудите ќе се одржи на ден 03.09.2024 год. во 10:30часот во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски“.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „ЛазоАнгеловски“
Бул.,,АСНОМ,,бр.192
Тел.2430-324