ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали и друг административно деловен простор во ООУ „Aлександар Македонски“
Врз основа на член 3, член 4 и член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020), и член 7а од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други актирвности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (Општина Аеродром број 09-77/2 од 12.03.2021год),Известување за добивање согласност на Одлуката за давање на користење на училишен простор бр.25-3698/2 од 04.07.2024 год. од Општина Аеродром, Извештај за извршена проценка на пазарната вредност на недвижниот имот број 0802-133/1/2023 од 03.05.2023 год. и член 113 од Законот за основно образование (Сл.весник на РСМ 161/2019 година), директорот на ООУ„Александар Македонски“ го донесе следниот:
ОГЛАС
за издавање под закуп на фискултурни сали и друг административно
деловен простор во ООУ „Aлександар Македонски“
1. ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ Aлександар Македонски со седиште на улица „Благој Попов“ бр. 4, 1000 Скопје телефон +389 2 6152-513 и факс +389 2 6152-512
2. ПОНУДУВАЧ:
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко или правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп, односно правно лице кое нема претходно неплатени долгови кон училиштето.
3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1. Фискултурна сала во ООУ „Aлександар Македонски“ со површина со 450 м2 со 2 гардероби и тоалет (почетна цена 1200,00 денари час) спортови за кои се издава салата се: ракомет, одбојка, кошарка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и народни ора и танци,термините се утврдени во техничката спецификација.
3.2. Друг административно-деловен простор во ООУ„Aлександар Македонски“:
-помошна просторија (мала сала 1) 150м2 (почетна цена 750,00 денари час),
- помошна просторија (мала сала 2) 150м2 (почетна цена 750,00 денари час)
- ходници и хол -200м2(почетна цена 850,00 денари час)
- училница – (почетна цена 900,00 денари час)
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2 по пат на прибирање на писмени понуди.
Просторот се издава во видена состојба.
Училишниот простор од точките 3.1 и 3.2 се издава за учебна 2024/25 година.
Начин на плаќање на закупнината:закупецот е должен да ја плаќа закупнината месечно најдоцна до 5ти во месецот за изминатиот месец без оглед на приемот на фактурата.
Гаранција за редовно плаќање на закупнината: Покрај изјава, закупецот дава гаранција за плаќање и со депонирање на банкарска гаранција во висина од 2 (две) месечни закупнини.
Доставувањето на понудите се врши преку пошта или со доставување во архивата на училиштето.
Пристигнатите понуди се отвараат без присуство на понудувачите.
Понудата и другата документација се доставуваат во посебен затворен плик со ознака “НЕ ОТВАРАЈ” и со назнака “за оглас за издавање под закуп на училишен простор или друг административен –деловен простор на училиштето “ и број на огласот.
Понудата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
Понудувачот со понудата треба да ги достави следните документи:
-Доказ за идентитет
-За физички лица: лична карта или патна исправа
-За други физички лица (aдвокати, нотари ,лекари и други): лична карта или патна исправа
-потврда од соодветен регистер
-потврда за регистрирана дејност
-За правни лица: (трговски друштва, здруженија на граѓани, трговец – поеднинец)
-ДРД образец-документ за регистрирана дејност од Централен региостер на РСМ
-ЗП образец за заверен потпис од овластено лице
-Изјава за гаранција пред склучување на Договорот за закуп
-Изјава заверена на нотар дека за време на користењето на просториите за спортски активности, ќе обезбеди безбедно изведување на активностите под стручен надзор, а за евентуални последици по здравјето и безбедноста на присутните корисници (повреда/смрт), ќе ја преземе целосно одговорноста за настанатата последица.
-Адреса , контакт текефон, факс
-Критериуми за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина, од бонитетен понудувач.
Погоренаведените документи треба да се достават во оригинал или копија заверена на нотар од понудувачот и не смеат да бидат постари од 6 месеци.
Сите потребни одобренија за вршење на дејноста ги обезбедува закупецот.
Нема да биде разгледувана понудата на понудувачот, физичко лице, правно лице и основач на правно лице, за кој ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски спрема основното училиште.
Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 5 работни дена од објавување на огласот во Општинското основно училиште ,,Aлександар Македонски “ Скопје.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот најдоцна до 04.09.2024 година до 11:00 часот.
Документација во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 11:30 часот во просториите на ООУ „Aлександар Македонски “ - архива.
Понудата која што нема да биде доставена на документација, потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Отворањето и читањето на понудите од страна на членовите на комисијата ќе се одржи на ден 04.09.2024 (среда) во просториите на ООУ Александар Македонски ул.1612 бр.4 Скопје .
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна од 04.09.2024 година до 11:00 часот нема да бидат разгледани од страна на комисијата.
Комисија за издавање под закуп на фискултурната сала,
училишниот двор,училниците и другиот
училишен простор со кој располага
ООУ Александар Македонски