ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурна сала, училница и хол во ООУ „Блаже Конески“
Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020) и член 7а од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други актирвности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (Општина Аеродром број 09-77/2 од 12.03.2021год) Решение за добивање согласност на Одлуката за давање на користење на училишен простор бр.25-3879/2 год од Општина Аеродром, Извештај за извршена проценка на пазарната вредност на недвижниот имот број 0802-135/1/2023 од 03.05.2023год , Комисијата за водење на постапката го донесе следниот :
ОГЛАС бр.03-328/1
за издавање под закуп на фискултурна сала,училница и хол
во ООУ „Блаже Конески“ Скопје
1. ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ ,,Блаже Конески“ Општина Аердодром со седиште на улица „Венијамин Манчуковски“ бр. 4, 1000 Скопје телефон +389 2 2469-746
2. ПОНУДУВАЧ:
Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско физичко или правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп, односно физичко или правно лице кое нема предходно неплатени парични долгови кон училиште.
3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1. Фискултурна сала во ООУ ,,Блаже Конески“ Општина Аердодром со површина со 460 м2 со 2 гардероби и тоалет (почетна цена 1200,00 денари час + 8% за одржување на сала + 1500,00 денари за потрошена електрична енергија за користење најмногу до 10 термини во месецот додека за користење од 11 термини и повеќе во месецот 2500,00 денари за потрошена електрична енергија)
3.2. Училница во ООУ ,,Блаже Конески“ Општина Аердодром со површина со 40 м2 (почетна цена 800,00 денари час + 8% за одржување на училница + 1000,00 денари за потрошена електрична енергија)
3.4 Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување,со термини после 18:00 часот.
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1,3.2 и 3.3 по пат на прибирање на писмени понуди.
Начин на плаќање на закупнината: Закупците се должни закупнината да ја плаќаат однапред, најдоцна до 5 (петти) во месецот без оглед дали е примена фактурата или не.
Гаранции за редовно плаќање на закупнината: Покрај изјава, закупецот дава гаранции за плаќањето и со депонирање на банкарска гаранција во висина од 2 (две) месечни закупнини.
Времетарењето на закупот на училишниот простор е до 30.06.2025 година.
Училишниот простор се издава под закуп во видна состојба.
Минималната висина на закупнината е определена во дополнителната документација потребна за огласот.
Критериум за избор на најповолен понудувач-највисока понудена закупнина.
Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 5 работни дена од објавување на огласот од веб страната на училиштето https://ooublazekoneski.edu.mk/.
Понудувачот со понудата треба да ги достави и потребните документи кои не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.
Доставувањето на понудите се врши преку пошта или со доставување во архивата на училиштето. Пристигнатите понуди се отвараат без присуство на понудувачите. Понудата и другата документација се доставуваат во посебен затворен плик со ознака „НЕ ОТВОРАЈ“ и со назнака „за оглас за издавање под закуп на училиштен простор или друг административно-деловен простор на училиштето„ и бројот на огласот. Понудата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на понудувачот.
Понудувачот со понудата треба да ги достави следните документи:
1. Доказ за идентитет
1.1 За физички лица:
- лична карта или патна исправа
1.2 За други физички лица (адвокати, нотари, лекари и други):
- лична карта или патна исправа
- Потврда од соодветен регистар
- Потврда за регистрирана дејност
1.3 За правни лица (трговски друштва, здруженија на граѓани, трговец-поединец)
- ДРД Образец – Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на РМ
- ЗП образец за заверен потпис на овластено лице
- Изјава за гаранција пред склучување на Договорот за закуп
- Изјава заверена на нотар дека за време на користење на просториите за спортски активности, ќе обезбеди безбедно изведување на активностите под стручен надзор, а за евентуални последици по здравјето и безбедноста на присутните корисници (повреда/смрт), ќе ја преземе целосно одговорноста за настанатата последица
- Адреса, контакт телефон, факс
2. Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина, од бонитетен понудувач.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот најдоцна до 04.09.2024 година до 12:00 часот.
Документација во која подетално е наведена недвижноста кои што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да се преземе од веб страната на училиштето https://ooublazekoneski.edu.mk/.
Понудата која што нема да биде доставена (документација) потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана и ќе бидат одбиени како неприфатливи.
Исто така понуда поднесена од физичко или правно лице со регистрирана дејност нема да биде разгледувана и ќе биде одбиена како неприфатлива во случај доколку се утврди дека физичкото или правно лице има неплатен паричен долг кон училиштето.
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „Блаже Конески“ Општина Аеродром – Скопје
Комисија за издавање на училшен простор под закуп
Претседател на Комисија
ГАЦОВ ИГОР ______________________________