О Г Л А С за издавање под закуп на спортска сала, училишен хол и училници во OОУ „Гоце Делчев“
Врз основа на член 7 член 7-а од Правилникот за постапката, начинот и условите, за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година, и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-77/3 од 12 март 2021 година и согласноста од Општина Аеродром бр.25-2855/1 од 22.05.2024 година, Комисија за издавање на училишен простор под закуп на ООУ Гоце Делчев Општина Аеродром-Скопје, објавува
О Г Л А С бр.03-339
За издавање под закуп на спортска сала, училишен хол и училници во OОУ „Гоце Делчев“ Аеродром-Скопје
1.ЗАКУПОДАВЕЦ
OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје, со седиште на ул, Горно Лисиче,, бр. 23, 1000 Скопје, тел/факс +389(2)5124-481
2.ПОНУДУВАЧ
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на закуп.
3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1.Фискултурна сала во OОУ,,Гоце Делчев,,Г.Лисиче (со површина 620,55 м2) Со гардероби и тоалети, дозволени спортови за кои може да се користи салата се, ракомет, одбојка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и народни ора и танци, почетна цена од 900,00 денари по час без ДДВ
3.2.Една училница со површина 40 м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче 700,00 час
3.3.Една училница со површина 40 м2 во ПОУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче 700,00 час
3.4. Хол со површина 40 м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче 600,00 час
3.5. Хол со површина 40 м2 во ПУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче 600,00 час
Закупецот го издава просторот наведен во точките 3.1 до 3.5 по пат на прибирање на писмени понуди.
Закупецот е должен да ја плаќа закупнината месечно однапред и тоа најдоцна 10-ти во месецот за изминатиот месец без оглед на приемот на фактурата, на жиро сметка на училиштето.
Просторот се издава за период до август 2025та година.
Просторот се издава во видена состојба
Oгласот трае 5 (пет) работни дена
Гаранција за редовно плаќање на закупнината:Покрај изјава за обезбедување на гаранција закупецот дава гаранции за плаќањето и со депонирање на две месечни закупнини во висина на две месечни закупнини.
Начин на јавување на огласот
Доставувањето на Понудата се врши преку пошта или со доставување во архивата на адреса ООУ Гоце Делчев Општина Аеродром-Скопје, ул.Горно Лисиче бр.23, Доставувањето на Понудата е во посебен затворен плик и другата документација се доставуваат во затворен плик со ознака ,,НЕ ОТВОРАЈ,, и со назнака ,,за оглас за издавање под закуп на училиштен простор или друг административно-деловен простор на основното училште Гоце Делчев Општина Аеродром-Скопје и бројот на огласот.
Со понудата треба да ги достави следните документи:
Доказ за идентитет
-За физички лица:Лична карта или патна исправа
-За други физички лица (адвокати,нотари,лекари и други):Лична карта или патна исправа
-Потврда од Соодветен регистар
- Потврда за регистрирана дејност
-За правни лица (трговски друштва,здруженија на граѓани,трговец -поединец)
-ДРД образец-Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на РМ
-ЗП образец за заверен потпис на овластено лице
-Изјава за гаранција пред склучување на Договорот за закуп
-Изјава заверена на Нотар дека за време на користење на просториите за спортски активности, ќе обезбеди безбедно изведување на активностите под стручен надзор,а за евентуални последици по здравјето и безбедноста на присутните корисници (повреда/смрт)ќе ја преземе целосно одговорноста за настанатата последица
-Адреса,контакт телефон,меил адреса
Критериум за избор на најповилен понудувач е највисоката понудена закупнина,од бонитетен понудувач.
Погоренаведените документи треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена и потпишана од одговорното лице на понудувачот
Документите несмеат да бидат постари од 6 месеци
Сите потребни одобренија за вршење на дејност ги обезбедува закупецот
Понудата на понудувачот,физичко лице,правно лице и основач на правно лице,за кој ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски спрема основното училиште, нема да биде разгледувана
Понудата на понудувачот,физичко лице,правно лице и основач на правно лице,која што нема да ги содржи сите потребни документи, ќе се смета за некомплетна и нема да биде разгледувана
Понудувачот кој е избран за најповолен е должен: во рок од 8 дена по известувањето за конечноста на одлуката да склучи договор за закуп на просторот и да го завери кај нотар на свој трошок
Пред склучување на договорот за закуп да достави Изјава за обезбедување на гаранција (висина на две месечни закупнини)
Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови коишто задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да ја подигне само овластено лице од страна на понудувачот од 9,00 до 12,00 часот од архивата на училиштето.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документацијата потпишана и заверена од страна на закуподавацот најдоцна до 04.09.2024 година до 12,00 часот.
Пристигнатите понуди се отвараат, на крајниот рок за доставување на понуди.
Ненавремените понуди комисијата ќе ги отфрли
OОУ,,Гоце Делчев,,Скопје
Комисија за издавање на
училиштен простор под закуп