ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали и друг административно деловен простор во ООУ „Браќа Миладиновци“
Врз основа на член 3 член 4 и член 7 од Правилникот за постапката,начинот и условите за давање на користење на училишниот простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром (број 09-61/3 од 10.02.2020) Решение за добивање согласност на Одлуката за давање на користење на училишен простор под закуп од Општина Аеродром, Комисијата за водење на постапката при ООУ „Браќа Миладиновци“
го донесе следниот :
ОГЛАС
за издавање под закуп на фискултурни сали и
друг административно
деловен простор во ООУ „Браќа Миладиновци“
1. ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ Браќа Миладиновци со седиште на улица „Владимир Комаров“ бр. 5, 1000 Скопје телефон +389 2 2460-479 и факс +389 2 2464-312
2. ПОНУДУВАЧ:
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко лице и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп.
3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1. Фискултурна сала во ООУ „Браќа Миладиновци“ со површина со 160 м2 со 2 гардероби и тоалет со почетна цена од 1.150 денари за час.
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1.
Просторот се издава во времетраење од една година.
Критериум за избор е највисока понудена закупнина.
Понудувачот треба да ја достави документацијата во рок од 5 дена од објавување на огласот.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.Пред отварање на понудите понудувачите треба да ги имаат подмирено сите долгови кон училиштето.Во спротивно понудите нема да се разгледуваат.
Тендерската документација се подигнува секој работен ден од 09:00-12:00 часот од просториите на ООУ Браќа Миладиновци.Сите потребни документи не треба да бидат постари од шест месеци.
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „Браќа Миладиновци“
Комисија задолжена за спроведување на огласот