В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети објектот „Лале“ којшто е дел од детската градинка „Срничка“, а кој по цели 40 години добива комплетно реновирани јаслени занимални.
Станува збор за три простории каде што се поставуваат нови антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата.
Исто така, неодамна овој објект доби нова енергетско-ефикасна фасада, а парцијално се работи на набавка на нов мебел, како и реноворање и на други занимални на долниот кат од „Лале“, со што децата во наредниот период ќе добијат подобри услови за престој и правилен раст и развој.
22.08.2024 година
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.