В ПОНЕДЕЛНИК 46. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 26.8.2024 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и шестата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за верификација на мандатот на член на Советот  на Општина Аеродром.

2.    Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (април, мај и јуни 2024 година) за финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром.

3.    Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за  вториот квартал од 2024 година.

4.    Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на МБМ АРХИТЕКТИ ДООЕЛ Скопје за изготвување урбанистички проект за инфраструктура и идеен проект за атмосферска канализација на ул. „Божин Николов“, ул. „Ѓорѓи Капчев“ и ул. „Тодор Чангов“.

5.    Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на МБМ АРХИТЕКТИ ДООЕЛ Скопје за изготвување ревизија на проекти изработени согласно со Рамковната спогодба бр. 05-5858/1 од 8.8.2023 година за изработка на проекти од комунална инфраструктура на територија на Општина Аеродром.

6.    Предлог-одлука за давање привремено користење недвижна ствар – дел од деловен простор на Министерството за дигитална трансформација.

7.    Предлог-одлука за давање согласност за привремено користење недвижна ствар – дел од деловен простор на пратениците во Собранието на РСМ од Општина Аеродром.

8.    Предлог-заклучок за усвојување годишни извештаи за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2023/2024 година.

9.    Предлог-одлука за донесување годишни програми за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2024/2025 година.

10. Прелог-одлука за давање мислење на Програмата за екскурзии и други слободни активности на ООУ „Блаже Конески“ - Аеродром, Скопје, за учебната 2024/2025 година.

11. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за организирање екскурзии за учебната 2024/2025 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Општина Аеродром, Скопје.

12. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за екскурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците од ООУ „Димитар Македонски“, Општина Аеродром, Скопје, во учебната 2024/2025 година.

13. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за организирање екскурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците од I до IX одделение во учебната 2024/2025 година на ООУ „Гоце Делчев“ – Општина Аеродром, Скопје.

14. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување екскурзии, излети и други вонучилишни активности за ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, за учебната 2024/2025 година.

15. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување ученички екскурзии и други слободни активности во ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје за учебната 2024/2025 година.

16. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за организирање и реализирање ученички излети и екскурзии за учебната 2024/2025 година на ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје.

17. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за екскурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците од I до IX одделение од ООУ „Александар Македонски“ во учебната 2024/2025 година.

18. Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда за најдобар наставник/стручен соработник од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2023/2024 година.

19. Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2023/2024 година.

20. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 - лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 2668/1 и КП 2668/2 КО Горно Лисиче – вон град, Општина Аеродром.

21. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 и 2 на КП 2660/5 КО Горно Лисиче градежен).

22. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 3600/1 КО Кисела Вода 2).

23. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 2 на КП 5898 КО Кисела Вода 2).

24. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр. 1 и објект бр. 2 на КП 4172 КО Кисела Вода 2).

25. Предлог-одлука за привремено користење простор за сервисирање велосипеди во рамките на Спортскиот центар „Марко Божиновски“.

26. Предлог-одлука за формирање тело што ќе го следи имплементирањето на Локалниот еколошки акциски план.

27. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување интерес за учество во основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт.

28. Предлог-одлука за престанок на важење на Одлука за давање привремено користење на дел од недвижна ствар (КП 196 КО Кисела Вода 2).

29. Советнички прашања

 

 

20.8.2024

Општина Аеродром