ООУ „Александар Македонски“ се подготвува за успешен старт на новата учебна година

 

Деновиве се вршат последните подготовки во ООУ „Александар Македонски“ за успешен почеток на новата учебна година за околу 700 ученици.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши обиколка на училиштето каде што се бојадисуваат сите училници, се вршат поправки на одредени оштетувања, а се монтираат и нови смарт-табли за спроведување современа настава. Исто така, две досега неискористени простории сега се целосно опремени, со што се проширува капацитетот на ова училиште.

Во изминатиот период ООУ „Александар Македонски“ доби уште една сензорна соба, како и компјутерски центар за развивање на информатичките знаења и вештини на учениците.

Вакви и слични зафати се спроведуваат во сите основни училишта, а Општина Аеродром е фокусирана на создавање уште подобри услови за учениците и за воспитно-наставниот кадар за што поуспешна реализација на образовниот процес.

 

14.08.2024 година

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео