Општина Аеродром досега собра над 100 кубни метри кабаст отпад, бесплатната акција продолжува до крајот на септември

 

Над 100 кубни метри или околу девет тона кабаст отпад се собрани досега во бесплатната акција што Општина Аеродром ја започна минатиот месец, а ќе трае и во текот на август и септември на 40 пунктови на ниво на целата територија.

Акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, досега се реализира во населбите Мичурин, Острово и 13 Ноември, при што наиде на голем интерес кај аеродромци.

 

-    Денеска и утре (6. и 7. август)  садовите за собирање кабаст отпад се поставени на големиот паркинг кај пензионерскиот дом „Аеродром“ и на ул „Коста Новаковиќ“ број 42, кај контејнерите;

-       На 8. и 9. август (четврток и петок), кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улица „Милан Зечар“ кај воените кули;

-       Од 10. до 12. август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши“ зад пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“.

 

Акцијата продолжува според предвидената динамика, сѐ до нејзино целосно реализирање на ниво на целата територија, а граѓаните за сите детали можат да се информираат на следниот ЛИНК.

Паралелно со акцијата за собирање кабаст отпад, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром неодамна спроведе и реорганизација на начинот на чистење, при што темелно се метат и мијат јавните површини, се косат тревниците и се кастрат гранките од дрвјата.

Општина Аеродром повикува на совесно однесување, а доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа, ќе се применуваат најстроги казни. Со несовесното третирање на животната средина се создаваат лоши слики за општината и се нарушува квалитетот на животот на аеродромци.

 

6.8.2024 година

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео