Општина Аеродром започнува постапка за изградба на училишна спортска сала во Долно Лисиче

 

Општина Аеродром започнува постапка за изградба на училишна спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче.

Ова доаѓа откако Советот на Општина Аеродром на вчерашната 45. седница донесе одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на типска спортска сала за ова училиште.

Советот исто така расправаше за голем број други точки и прифат повеќе одлуки што се од големо значење и интерес на граѓаните.

Советниците ја изгласаа одлуката за продолжување на соработката со ФК „Вардар“ АД Скопје на кој му се отстапува фудбалски терен со придружни објекти, како и давање на времено користење на простор на Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби – Скопје“.

Меѓу другото, Советот ги прифати одлуките за давање спонзорство на Здружението за традиционално организирање на Илинденски марш 1978 година, како и за спонзорирање на Националната установа „Театар комедија“ за реализација на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што е планирано да се одржи во септември.

Советот исто така ја прифати иницијативата за измена на режимот на сообраќајот и воведување еднонасочен сообраќај за улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Димитар Туриманџовски“ во населба Лисиче. Ваквата иницијатива доаѓа од граѓаните кои живеат и гравитираат во овој дел од Аеродром, а главната цел е олеснување на протокот на возила, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот. По прифаќањето на оваа одлука, Општина Аеродром ќе испрати барање до Град Скопје под чија надлежност е ова прашање.

Остануваме посветени создавање поквалитетни услови за живот и работа на граѓаните и отворени сме да ги слушнеме нивните барања за уште подобар и поубав Аеродром.

 

16.7.2024 година

Општина Аеродром

             

Актуелно

img
img img

Видео