В ПОНЕДЕЛНИК 45. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 15.7.2024 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и петтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за избор на претседател на Советот на општина Аеродром
2. Предлог-решение за престанок на мандатот на член на Советот на Општина Аеродром
3. Предлог-решение за избор на вршител на должност Градоначалник на Општина Аеродром
4. Предлог-одлука за измена и дополна на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2024 година
5. Предлог-план за измена на Планот на програмите за развој за период 2024-2026 година
6. Предлог-одлука за измени и дополнувања (Ребаланс) на Буџетот на Општина Аеродром за 2024 година
7. Предлог-програма за измена на Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2024 година
8. Предлог-програма за измена на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година
9. Предлог-програма за измена на Програма (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година
10. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2024 година
11. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2024 година
12. Предлог-одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена Г2 – Индрустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси-фабрички комплекси на кп 903/1 Ко Долно Лисиче – Вон Град Општина Аеродром
13. Предлог-одлука за прифаќање Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 2753,2754 и 2755/1 , КО Горно Лисиче вон град, Општина Аеродром- Скопје
14. Предлог-одлука за прифаќање иницијатива за измена на режим на сообраќај и дополна и воведување еднонасочен сообраќај за улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Димитар Туриманџовски“ во населба Лисиче
15. Предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за донација
16. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Браќа Миладиновци“ за 2025 година
17. Предлог-одлука за престанок на важење на Одлука за давање согласност за склучување Анекс на Договор за послуга меѓу Општина Аеродром и Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби “Дајте ни крилја“ Скопје
18. Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижна ствар на Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби - Скопје“, Скопје
19. Предлог-одлука за давање спонзорство на ФК Вардар АД Скопје преку отстапување на спортски објект – фудбалски терен со придружни објекти
20. Предлог-одлука за давање спонзорство на Здружението за традиционално организирање на Илинденски Марш 1978 година – Скопје за 2024 година
21. Советнички прашања
9.7.2024
Општина Аеродром