Општина Аеродром започнува со санација и реконструкција на сите детски игралишта

Општина Аеродром започнува со санација и реконструкција на сите 60 детски игралишта, со што овие простори ќе блеснат во нов сјај, а дечињата ќе добијат убаво уредени катчиња за безбедна игра и дружење.

Санацијата ќе опфати замена или поправање на постојните подлоги, а исто така целосно ќе се заменат или ќе се поправат оштетените реквизити и заштитните огради. Заменик-градоначалникот Дејан Митески информира дека Општината неодамна изготви детален Извештај за состојбата со детските и спортските игралишта на територијата на Аеродром, а нивното обновување и реконструкција ќе се спроведат според утврден план и динамика.

Акцентот првично е ставен на детските игралишта затоа што Општина Аеродром е фокусирана на најмладите и посветено работи на создавање уште подобри и поквалитетни услови за нивни правилен раст и развој.

6.7.2024 година

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео