На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески.
Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.
Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација.
Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина. Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.
28.6.2024 година
Општина Аеродром
11-03-25
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.