ВО ВТОРНИК 44. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 18.6.2024 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2024 година

2.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром

3.    Предлог-програма за измена на Програма (Ј) комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2024 година

4.    Предлог-програма за измена на РА Потпрограма-заштита на животната средина   и природа (капитални трошоци) за 2024 година

5.    Предлог-одлука за доделување еднократен паричен надоместок на семејствата со прваче во учебната 2024/2025 година на подрачјето на Општина Аеродром

6.    Предог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“ за 2025 година

7.    Предог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Александар Македонски“ за 2025 година

8.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Блаже Конески“ за 2025 година

9.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за 2025 година

10. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Лазо Ангеловски“ за 2025 година

11. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Димитар Македонски“ за 2025 година

12. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „Љубен Лапе“ за 2025 година

13. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2024 година

14. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита на децата во Општина Аеродром за 2024 година

15. Предлог-одлука за времено отстапување на училиштен простор во дел од основните училишта во Општина Аеродром – Скопје

16. Предлог-одлука за донесување Патоказ за Еко Паметна Општина-Општина Аеродром

17. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1652 и КП 1654 КО Кисела Вода 2)

18. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1483 КО Кисела Вода 2)

19. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1, бр.2, бр.3 и бр.4 на КП 1644/2 КО Кисела Вода 2)

20. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 835 КО Кисела Вода 2)

21. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект, бр.2 на КП 2980 КО Кисела Вода 2)

22. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 828 и КП 832/1 КО Кисела Вода 2)

23. Советнички прашања

 

23.5.2024

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео