В СРЕДА 43. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 29.5.2024 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четириесет и третата седница на Советот на Општината.На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за првиот квартал од 2024 година
2. Предлог-одлука за донесување Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) на Општина Аеродром за период 2024 – 2030 година
3. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за градска четврт СИ12, блок 12.02, Општина Гази Баба, Општина Аеродром – Скопје, плански период (2021-2026) површина на опфатот (24.65 ха)
4. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.2 на КП 3802 КО Кисела Вода 2)
5. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 793 КО Кисела Вода 2)
6. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.2 на КП 3937 КО Кисела Вода 2)
7. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 3821/6 КО Кисела Вода 2)
8. Предлог-одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.1 – Згради од лесна градежна индустрија на КП 3544/1, КП 3544/2, КП 3545 , КП 3546/1, КП 3546/2, КП 3557, КП 3558 и КП 3559, КП Горно Лисиче – вон град,Општина Аеродром
9. Советнички прашања
23.5.2024
Општина Аеродром