На почетокот на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“. До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор што ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде што ќе биде поставено македонското знаме.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук-страница објави дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните што живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.
Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации низ Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина.
21.3.2024
Општина Аеродром
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.