Во Општина Аеродром се одржа отворен ден за граѓаните за креирање на буџетот за 2024 година

 

Одговорниот однос кон јавните финансии, транспарентното работење и вклучувањето на граѓаните во креирањето на политики, ги потврдуваме и со процесот за носење на буџетот за 2024 година, каде граѓаните можат да учествуваат со свои предлози и забелешки. На овој начин, креираме буџет кој пред се ќе биде развоен и во него ќе бидат инкорпорирани реалните потреби на граѓаните.

Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот Дејан Митески и колегите од Општина Аеродром, остварија отворен ден и неколку работни средби каде ги слушнаа мислењата на граѓаните, со цел заеднички да го донесеме буџетот за следната година. Инфраструктурните проекти, поддршка за граѓаните и компаниите, образованието, социјалната заштита и понатаму остануваат во фокусот на нашето работење.
Буџетот за новата година, предвидува и овозможува капитални инвестиции, почеток на изградба на нова детска градинка и училиште, како и проекти кои значат реализација на сите дадени ветувања пред граѓаните.
 
17.12.2023
Општина Аеродром