Утрово во Општина Аеродром, се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година. Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите. Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна упати благодарност и се заблагадари за придонесот на наставниците од следните основни училишта: - ООУ „Гоце Делчев“ - Јасмина Ѓорѓевска - ООУ „Блаже Конески“ - Јоана Николиќ - ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Љубинка Стојановска - ООУ „Димитар Македонски“ - Оливија Жежова - ООУ „Александар Македонски“ - Михајло Христов - ООУ „Браќа Миладиновци“ - Жаклина Ристовска - ООУ „Лазо Ангеловски“ - Костадинка Поповска - ООУ „Љубен Лапе“ - Жанета Дивјаковска.
08.11.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.