Општина Аеродром ги повикува средношколците да се пријават за стипендија во САД

 Општина Аеродром ги повикува средношколците да се пријават во програмата за размена на ученици Kennedy-Lugar Youth Exchange & Study (YES), што е целосно финансирана од владата на Соединетите Американски Држави.

 

Програмата, која трае веќе деветнаесет години, претставува одлична можност нашите средношколци да бидат сместени во американско семејство и да учат во американско училиште во текот на учебната 2024 – 2025 година, а учеството на конкурсот и на програмата е бесплатно бидејќи финалистите добиваат целосна стипендија од Стејт Департментот на САД.

 

Потребни критериуми за пријавување на конкурсот е средношколците да имаат македонско државјанство и пасош, да се родени меѓу 1 јануари 2007 и 15 јули 2009 година и да бидат запишани во прва или втора година средно образование во учебната 2023 – 2024 година.

 

Конкурсот за YES програмата се состои од три фази, а за сите детали и начинот на кој ќе се одвива изборот на заинтересираните кандидати можат да се најдат на следниве линкови:

https://ais.americancouncils.org/cgi-bin/WebObjects/AIR.woa/wa/login?brand=yes&fbclid=IwAR13Xy28mDLi4JmTtVIWPipi-apvIeNNGDjDFPPtQcePXd40_6oyj-k6phM

 

https://northmacedonia.americancouncils.org/yes-mk