Oпштина Аеродром е прогласена за највело општина, според гласовите на граѓаните

На јавен настан кој се одржа денеска, на Општина Аеродром и беше доделена награда „Највело општина”, избрана од страна на граѓаните на јавна анкета која беше спроведена од страна на Здружението на граѓани „Центар за одржливи иницијативи“ и неформалната групата ентузијасти „НаТочак“. 

Оваа награда e потврда на заложбите на Општина Аеродром за подобрување и унапредување на мобилноста на локално ниво, но и поттик да се работи и понатаму во делот на велосипедската инфраструктура. Целта на наградата е преку позитивен пример да влијае на зголемување на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција.

Општина Аеродром останува посветена на промоција на урбаната мобилност и здравиот начин на живот. Во следниот период продолжуваат активностите за прифаќање на новите еколошки и инфраструктурни предизвици, но и конкретните активности за вклучување во климатските акции кои ќе придонесат за почиста општина и позелено опкружување.