Муцунски: Привршува изведбата на новиот спортски комплекс на „Островска“ во Лисиче

 

По долги години стагнација и недостаток на инвестиции, ,,Островска” во Лисиче го добива еден од најубавите комплекси, современ и модерен спортско-рекреативен простор наменет за сите генерации.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со претседателот на Советот Дејан Митески и советниците, денеска извршија увид во градежните активности кои се реализираат на оваа локација во Лисиче.

Инвестицијата која се реализира со средства од буџетот на Општина Аеродром предвидува нов спортски терен за фудбал и кошарка, детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и нови садници во целиот простор.

„Ветивме рамномерен развој на сите населби и маала во Аеродром и големо е задоволството кога проектите го добиваат својот финален изглед. Повеќенаменскиот комплекс претставува реализација на уште еден проект во овој инвестициски циклус преку кој создаваме современи услови кои го унапредуваат секојдневното живеење на граѓаните.“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

 
14.08.2023
Општина Аеродром
 
 
 
 

Актуелно

img
img img

Видео