Со традицонална македонска музика и богата културно – уметничка програма, вчера во Аеродром граѓаните масовно и во голем број ги испратија учесниците на годинешната Илинденската коњаница.
Оваа година, во организација на здружението,, Илинденски коњички марш 1978” од Горно Лисиче и 45-ти пат по ред, околу 30 јавачи се упатија кон славното Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележат Денот на Републиката и 120-годишнината од Илинденското востание.
Маршот на коњаницата започна од паркот ,,Јане Сандански” каде на учесниците им беше предадено знамето на Општина Аеродром, а централната манифестација за испраќањето и литургијата се одржаа во храмот ,,Св. Петар и Павле” во Горно Лисиче. Општина Аеродром е традиционален поддржувач на настанот, а оваа година единствена јавна институција која со финансиски средства го поддржа „Илинденскиот марш“.
Градоначалникот Муцунски изминатите денови присуствуваше на подготвителните активности за маршот, а вчера претставници на Советот на Општината Аеродром присуствуваа на официјалното испраќање на коњаницата. Со благодарност до учесниците и пораки за мирен пат и безбедно пристигнување во Крушево, тие ги поздравија учесниците на маршот.
28.07.2023
Општина Аеродром
11-11-24
Општина Аеродром започнува средби со граѓани на кои ќе се даваат предлози и идеи за креирање на општинскиот буџет за 2025 година.