По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен миризба од запален отпад кој се шири на територијата на Општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија што не се наоѓа на територијата на општината.
Со цел решавање на овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, Општина Аеродром веќе упати барање од Градот Скопје за преземање на сите неопходни мерки. Во оваа прилика, упатуваме апел до градската администрација и останатите надлежни институции, во рамки на своите надлежности да преземат се што е потребно за надминување на проблемот. Здравата животна средина и здравјето на граѓаните е приоритет на Општина Аеродром и во таа насока, а согласно надлежностите на локалната самоуправа ги преземаме сите неопходни мерки за обезбедување на континуитет во одржување на јавната хигиена.
25.07.2023
Општина Аеродром
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.