Новите улици и сообраќајници во Општина Аеродром се инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми. Деновиве, привршува првата фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица 5 во Стар Аеродром, со што граѓаните кои живеат во овој дел од општината, веќе имаат полесен пристап до своите домови. Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки. Реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на Општина Аеродром е исполнување на уште едно барање на граѓаните. Паралелно нови инфраструктурни проекти се изведуваат на неколку локации во општината. Градежните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период и со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром.
24.07.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.