Краткотрајното, но силно невреме кое попладнево го зафати главниот град, предизвика пречки во нормалното функционирање во неколку населени места во општина Аеродром. Пречките, првенествено се однесуваат во делот на инфрастуктурата поврзана со телефонијата и електричната енергија. Општинските служби се излезени на терен со цел детектирање, навремено санирање на штетите и отстранување на настанатите пречки. Тие преземаат мерки за дислоцирање на паднатите дрва и се во редовна комуникација со телекомуникациските компании и ЕВН Македонија. Апелираме до граѓаните за пријава на проблеми и споделување информации да ги контактираат службите на Јавното претпријатие за јавно осветлување (071252634) и на Општина Аеродром (071327088)
23.07.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.