Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за 2024 – 2030 година и на тој начин да учествуваат во мапирање на приоритетните еколошки проблеми. Тие може да го дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк: https://bit.ly/3O5XXK7.
Постапката за изработка на нов ЛЕАП Општина Аеродром ја почна имајќи ги предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните. Овој документ преставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.
Вклучувањето на јавноста во изработката на овој стратешки документ е од суштинско значење. Очекуваме јавноста да го изрази своето мислење преку пополнување на анонимниот анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина во Општина Аеродром што може да се најде на линкот погоре. Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на ова соопштение.
Исто така, ги охрабруваме граѓаните, кои сакаат активно да учествуваат со свој придонес во некоја од работните групи за изработка на новиот ЛЕАП, да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Аеродром.
23-12-24
Со гордост најавуваме дека Општина Аеродром е дел од новиот проект за Car Sharing, реализиран како партнерство Владата и компанијата Авант Кар Македонија, со седиште во Словенија. Овој иновативен пилот-проект е дизајниран да го направи патувањето низ градот поекономично, поефикасно и поеколошко.